Завршени се археолошките истражувања на скопското Кале
Завршија археолошките истражувања на скопското Кале. Откриени се над 13 400 предмети кои потекнуваат од различни преиоди низ историјата. Од нив над 4500 се монети истакна министерката за култура. Наодите ќе бидат изложени во три музеи на скопската тврдина кои се очекува уште повеќе да го зголемат бројот на туристи. Од нив музејот на праисторијата и отмонаскиот период се завршени а музејот на средновековниот период сеуште се гради.
Раководителот на проектот за локалитетот потенцираше дека речиси 10 години се вршат ископувањата а постигнатите резултати се значителни.
Директорот на Управата за заштита на културното наследство потенцираше дека во рамки на истражувањата се откриени и монети од македонските антички кралеви Александар Македонски и Антигон Гонат, како и населба од бронзено доба.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
