Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против 28-годишна жена, осомничена дека при семејно насилство се обидела да ја убие бабата на својот сопруг, со која живееле заедно.
Според Обвинителството, инцидентот се случил на 15 август во дом на улицата „Борис Бојаџиски“. Осомничената влегла во собата каде што одмарала 88-годишната жена, ја заклучила вратата, седнала врз неа и ѝ ставила перница на лицето, при што ја удирала и по главата.
Нападот престанал откако осомничената помислила дека жената починала. Потоа му кажала на сопругот, кој повикал полиција. Повредената била пренесена во болница со повреди на главата и вилицата и хематоми.
Жената се сомничи за обид за убиство при семејно насилство, а Обвинителството побарало да ѝ биде определен притвор поради опасност од повторување или довршување на делото.
Ново на Сител
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
-

Дизелот поскапува, бензините поевтинуваат – нови цени на горивата од полноќ
-

Во Албанија продолжуваат протестите, ЕУ бара одговорност
-

Пријави за поставени бомби во повеќе белградски училишта и два други града во Србија
-

Спасено мече во Велешко: Се фатило во нелегално поставена сајла, по интервенцијата пуштено во природа
