Перница врз лицето и удари по главата: 28-годишна жена се обидела да ја убие бабата на сопругот

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истрага против 28-годишна жена, осомничена дека при семејно насилство се обидела да ја убие бабата на својот сопруг, со која живееле заедно.
Според Обвинителството, инцидентот се случил на 15 август во дом на улицата „Борис Бојаџиски“. Осомничената влегла во собата каде што одмарала 88-годишната жена, ја заклучила вратата, седнала врз неа и ѝ ставила перница на лицето, при што ја удирала и по главата.
Нападот престанал откако осомничената помислила дека жената починала. Потоа му кажала на сопругот, кој повикал полиција. Повредената била пренесена во болница со повреди на главата и вилицата и хематоми.
Жената се сомничи за обид за убиство при семејно насилство, а Обвинителството побарало да ѝ биде определен притвор поради опасност од повторување или довршување на делото.
Ново на Сител
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
-

Бугарскиот амбасадор повикан во МНР: Пpечекот на Ива Михајлова во Софија е провокација и ги подрива напорите за добрососедство
-

Вонредна ситуација на аеродромот во Нирнберг: Целосно запрен авиосообраќајот, ангажирани и борбени авиони
-

Клековски: Вакцинацијата против сезонски грип треба да почне од 16 до 25 октомври
-

Тошковски и Руф ја потврдија заложбата за продлабочување на македонско-австриската полициска соработка
