Македонија
26. February 2025 - 16:41

Значајна инвестиција

Најавената инвестија на групацијата Казанчи Холдинг со која треба да се изградат когенеративни гасни електрани значи и решение како да се намали загадениот воздух во државата. Премиерот Мицкоски вели дека целта е да се изградат производни капацитети коишто истовремено ќе произведуваат и електрична енергија и топлина. Според него ова е единствениот начин како може да се реши проблемот на долг рок, но истовремено и да се понуди на домаќинствата алтернатива за затоплување на нивните домови.