Македонија
8. February 2025 - 16:47

Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите

Намаленото ниво на Охридското езеро повторно ги загрижи еколозите.Климатските промени но и послабите врнежи од дожд го земаат својот замаф .Тие  со години алармираат за штетите од осцилациите на најголемото природно езеро во Европа, кое и натаму се користи како акумулационен базен. 

Познавачите велат драстичните намалувања на водостојот се резултат на лошо управување со езерото и час поскоро треба да се ревидира договорот со Албанија.

Постојаните осцилации се опасни за живиот и растителскниот свет .Со намалувањето на нивото доаѓа до недостаток на кислород кај рибите кој може да доведе до помор како еколошкиот инцидент пред енколклу години кај каналот Студенчишта.