Таравари за починатото 14-месечно бебе: Се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле
Министерот за здравство Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со починатото 14-месечно бебе во Скопје, изјави дека добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекор и изрази надеж оти „ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле“.
-Ние ги резгледавме со екипата со правната екипа во Министерството, сите наши можности. Добро е што Клиниката за педијатрија презема одреден чекори и се надевам ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле. Ќе дадеме официјално до Лекарска комора, таму има етичка комисија што треба да одлучува. Наши препораки ќе има, извештајот е тука. Доколку не веруваат на извештајот, нека си направат свој, меѓутоа, дека има одреденни пропусти, лекарски, има, одговори Таравари по изјавите за медиуми денеска пред Клиниката за онкологија.
Тој смета дека добро би било сите заедно да дадат одреден сигнал до граѓаните да почнуваат да веруваат во системот.
Претходно, министерот рече дека се надева оти двајцата директори ќе преземат некакви мерки. Министерот подвлече дека очекува од нив да има некаква одговорност.
Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди околу случајот со смртта на 14-месечното бебе, донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници - доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка.
Ново на Сител
-
„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина
-
Зеленски: Украина треба да ја зајакне противвоздушната одбрана за да ги заштити луѓето
-
Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите
-
Владата на Србија му го одзеде имунитетот на Горан Весиќ
-
Изборниот материјал во Албанија и на македонски јазик
-
Лишен од слобода крадец во тетовско
-
Во Неготинско физичка пресметка помеѓу татко и син
-
Песков: Указот на Путин за промена на нуклеарната доктрина може да се смета за сигнал до Западот, ништо не е случајно