Македонија
19. October 2024 - 16:29

Нема медицински кадар, а се бркаат стручни лица од болниците

Стружанецот Димче Димоски кој зад себе има 19 годишно искуство како физиотерапевт по долги години работа со договор на дело најнапред во Болницата за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо а година и пол во Специјализираната болница за Нефрологија остана без работа.Тој вели дека без никакво образложение  му било кажано дека веќе немаат потреба од него и дека договорот му е прекинат.

За овој случај преку писмо бил известен и и министерот за здравство Таравари но до овој моменет нема никаков повратен одговор .Димоски татко на две малолетни деца дипломиран физиотерапевт бара правдата да биде задоволена и конечно после долги години агонија да добие решение за работа.

Доктор Елизабета Димоска Чифлигароска посочува  дека жалосно е што недостига  медицински кадар во земјава ,се испуштаат стручни лица кои си ја знаат својата работа а се вработуваат нови лица кои не се едуцирани. Во болницата за нефрологија вели со договор на дело вработени се три лица а дел од нив не го знаат ни македонскиот јазик .

Директорот на струшка нефрологија Јетмир Зиба во телефонски разговор за Сител ни најави дека со свој став во врска со овој случај ќе излезе од идната недела.