Бизнис
11. September 2024 - 16:36

Следната недела ќе се донесе есенска кошница со 100 производи

Владата  ја крои есенската кошница. Во неа ќе се најдат 100 тина основни производи, чии цени или ќе се замрзнат или ќе им се ограничи маржата. До петок министерството за економија  ќе утврдува кои  продукти ќе се најдат на листата, а веќе од вторник на владина седница ќе се  донесе одлуката. Со ваквата мерка се очекува  поевтинување на производите кои граѓаните најчесто ги купуваат овој период и ќе се држи инфалцијата на ниско ниво, вели премиерот. Покрај есенска ќе има новогодишна, велигденска,и рамазанска кошница.

Ќе имаме предновогодишна кошничка, есенска кошничка во која ќе има своевиден избор на производи што се најупотребувани во тој период од годината, ќе имаме пролетна, итн. Во зависност од тоа какви се потребите на граѓаните, во зависност од тоа што најмногу се троши ќе го следиме процесот и нема да дозволиме да ни се случи повторно висока стапка на инфлација со што ќе се влијае негативно на стандардот на граѓаните.

Намалување на цените на основните прехранбени производи се очекува и по стапување на законот за нефер трговски практики, крајот на септември. Во него се предвидува органичување на маржите на 10 % за 2,600 производи , што ќе придонесе за значително намалување на ницните цени. Но Стопанската комора, каде членуваат големите трговски маркети бараат одлагање на примената, за да можат да се прилагодат

Доколку Стопанската комора побара официјално од нас како Влада недела, две, три, пет, колку им се потребни за усогласување, не гледам причина зошто тоа да не се случи. Доколку е потребно усогласување што се чекало со години, сега дополнителни две, три, четири недели не гледам причина зошто да не се случи, рече Мицкоски.

Законот за нефер трговски практики се донесе во март и  ги опфаќа земјоделските  и прехранбени производои.  Трговците добија 6 месеци да се прилагот и да склучат нови договори со добавувачите и производителите, со кои веќе нема да  смеат да им бараат секакви надоместоци кои достигнуваат до 40 % од цената, како надоемст за внесување нов производ, за истакнување на одредна полица, за реклама и слично.