Македонија
25. August 2024 - 16:40

Власта обвинува, екс министерката негира

Хулахопки и чорапи од Марк енд Спенсер, куфери од Самсонајт, фудбалска топка и плишено мече од Гифт Галор. Власта обвинува дека екс министерката за култура се луксузурала на државна сметка,  за време на нејзината посета во Лондон, лани во октомври кога Македонија и Обединетото Кралство одбележуваа 30 години  од воспоставувањето на билатералните односи.

„Се на се, за лични приватни потреби Бисера Антоанета троши 714 фунти или пресметано во денарски парични средства 51.169 илјади денари, за 4 дена во Лондон, пари со кои во Македонија се храни цел месец едно 4 члено семејство“.

Костадиновска-Стојчевска ги демантираше овие обвинувања. Вели дека не била во ниту една од овие продавници, ниту знаела каде се наоѓаат. Во Лондон имала набиена агенда и немала време за шетање.

Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничка на СДСМ и екс министерка за култура:  немам поим каде се наоѓаат овие продавници, ВМРО се служи со лаги и сами си признаа дека ги нема  целосните сметки

Лефков ја спореди ексминистерката за култура со француската кралица Марија, нарекувајќи ја Бисера Антоанета, а пак пратеничката вели дека од нив, ништо не можело да ја навреди. 

ВМРО-ДПМНЕ најави дека денешната прес-конференција била само една од серијалот кои следуваат, за како што рекоа, во каква аздисаност и раскош живеела екс министерката за култура. Пратеничката од СДСМ, пак им реплицираше дека обвинувањата ќе ги побива исклучиво со факти и докази.