Македонија
25. August 2024 - 16:39

СДСМ бара владата да им ги покачи платите на наставниците во септември – Власта тврди дека оставиле празен буџет

Владата да им ги покачи платите на наставниците во септември за 12 проценти, бараат од СДСМ. Од опозициската партија тврдат дека има пари, а просветните работници не биле приоритет на актуелната власт. Од Бихачка посочуваат дека тие изминатите 7 години платите во образованието кумулативно ги зголемиле за над 55 проценти.

  • Во април 2022, сегашната министерка Весна Јаневска, која тогаш беше опозиционерка, велеше „Потребно е Власта да изнајде пари бидејќи за наставниците станува збор!“ Сега истата таа Весна Јаневска, откако седна во министерската фотеља, зборува сосема друго. Таа и ДПМНЕ ги погазија ветувањата кои ги дадоа пред наставниците и граѓаните. Тоа значи понижување и манипулирање на наставниците и сите вработени во образованието. Дека има пари потврда е луксузирањето на премиерот и министрите кои патуваат со најскапи авионски билети. Тоа е само потврда дека во прашање е избор на приоритети. За ДПМНЕ, наставниците не се приоритет, изјави Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Министерката за образование неколку пати неделава рече дека наставниците ќе добијат поголеми плати во март, наместо во септември сега бидејќи претходната власт оставила празен буџет.

На прес конференцијата на СДСМ преку писмено соопштение реагираа од владејачката ВМРО ДПМНЕ обвинувајќи ја опозициската партија дека во мај го допрела дното, а сега држеле лекции како да се работело.

  • СДС го оставија Буџетот без пари и покажаа дека се загрижени само за себе, Буџетот го планираа само за половина година.
    СДС Буџетот го планирале за тендери од кои парите ќе завршуваат во нивни џебови. Буџетот, поточно ребалансот кој помина месецов се направи за да може државата на функционира и да ги сервисира основните потреби.
    И покрај се, од ВМРО-ДПМНЕ, се реализираат политики за два месеци со кои се оставаат пари во џебот на граѓаните. Дополнително се што е ветено ќе се реализира со домаќинско планирање на буџетот за следната година, се наведува во писмената раекцијата од ВМРО ДПМНЕ.

На денешната прес конференција од Владејачката партија посочија дека го подобруваат стандардот на студентите преку зголемување на износот за студентски оброк и продолжување на рокот за аплицирање, а ќе го прошират и опфатот за стипендии за постдипломци. Кои беа две од трите барања на студентското собрание при УКИМ.

  • Мерката за стипендии за студии од втор циклус ќе се отвори за студентите со  завршени три годишни студии од прв циклус кои не можеа до сега да аплицираат за истата, мерка која можностите ќе ги усогласи за повеќе од 1000 студенти кои студираат на факултети каде студиите се во траење од 3 години. До сега гледавме како дел од најдобрите студенти во прв циклус студии се дискриминирани и поставените параметри за стипендии за втор циклус не се почитувани а згора на тоа се злоупотребувани, тоа го променивме и стипендиите ќе бидат строго меритократски и отворени за сите студенти да аплицираат, рече Сергеј Попов, пратеник и претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

За третото барање на судентите за усвојување на закон за млкадински стандард, министерката реше дека се разгледува и биле потребни законски измени.