Повеќе средства од државната каса за археолошки истражувања
Министерството за култура и туризам ќе издвојува повеќе средства за археолошки истражувања, најави ресорниот министер Зоран Љутков, при посетата на локалитетот Билазора во близина на светиниколското село Кнежје. Археолошките локалитети како овој имаат голем туристички потенцијал, зашто немо говорат за богатото културно историско минато на овие простори.
- Многу значајно археолошко наоѓалиште, многу значаен град, не само за Макеодонија, туку и за Балканот, за Европа и светот. Еден огромен културен и туристички потенцијал кој ќе треба да биде препознаен во годините пто доаѓаат. Овој град е доста значаен за туризмот бидејќи се наоѓа помеѓу две автопатски решенија, а има и асфалтиран прстап до Билазора, изјави Зоран Љутков, министер за култура и туризам
Билазора е град кој егзистирал во раната антика помеѓу VII и II век пред нашата ера. Градот заедно со подградието се простирал на површина од 20 ха. Во периодот од 2008 до 2012 година, со македонско-американска соработка извршени се ископувања на акрополот. Систематски е ископувана јужната половина, каде што е откриена најзначајната градба во древниот град, односно. Владетелска палата.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар