Од сточарството може добро да се живее, но потребно е многу труд и посветена работа
Од сточарство може да се живее, но потребно е многу труд, работа и посветеност на фармата, вели Александар Јанев од карбинското село Радање. Јанев заедно со членовите на своето семејство одгледува 50-тина грла млечни крави и е еден од последните во селото кој се занимава со фармерско производство.
- Секоја работа е макотрпна, ама ако си ја сакаш работата и ако сакаш да си завртиш некоја паричка, треба да се потрудиш. Ниекога станеме наутро секој си ја знае работата. Не се пие кафе, туку одиме и еден молзи, другиот ги храни. Откако ќе се измолзат, млекото се спрема во лактофиз, процедено, доаѓа млекарот и си го зема. Ако ни остане некоја работа, остануваме, инаку во 07.30 се е тип топ, изјави Александар Јанев, фармер од с. Радање.
Дневно семејството Јаневи молзи околу 1 тон кравјо млеко. Велат дека е најдобро да се има сопствен финален производ, но за тоа се потребни дополнителни инвестиции и стручна работна рака, која во моментот недостасува.
- Финалниот производ е секогаш исплатлив, ама за се си треба луѓе и за да го преработам целото млеко ми треба мандраџија, еден тон млеко не се лесно работи, додава Јанев
Кравјо сирење произведуваат само за сопствени потреби и за блиски роднини и пријатели по нарачка. Самата постапка е релативно брза, меѓутоа само кога се работи за помали количини.
- За 5 до 6 саати сирењето се прави, подготвено е, а ферментацијата не мора да трае 90 денови како за овчото, за кравјото сирење 90 денови се многу. После еден месец може да се користи, да се јаде, изјави Јанев
За квалитетно млеко и сирење, потребна е добра храна, чиста животна средина, навреман вакцинација и секојдневна грижа за добитокот.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар