Македонија
25. December 2023 - 16:46

Каков обвинител ни е потребен

Врвен професионалец, со богато искуство, но и личен интегритет. Академик Камбовски вели дека идниот обвинител пред себе ќе има тешка работа, да ја подобри сликата  и да ја врати довербата во правосудниот систем. За тоа ќе треба храброст за спотивставување на политичките притисоци.

Според професорот Камбовски, не е спорен начинот на избор на јавниот обвинител, преку Собранието, на предлог на Владата. Но, смета дека овој пат институциите треба да ја надминат праксата на поставување партиски кадри, кои наместо за јавниот, се грижат за интересот на партиите на власт.

Иако звучи премногу идеално, академик Камбовски вели дека помеѓу правниците во земјава се уште има квалитетни кадри кои можат вистински да одговорат  на функцијата државен јавен обвинител.