Педагошки факултет го одбележа патрониот празник и порачаа да се врати дигнитетот на наставникот
Да се врати дигнитетот на наставничката професија, да се стимулираат младите да се запишуваат на педагошките факултети и да се мотивира наставниот кадар, ова се заклучоците од научната расправа по повод патрониот празник на педагошкиот факултет ,,Св. Климент Охридски''.
Потребни се системски решенија за да се зајакне наставничкиот кадар, реформските процеси кои се прават во образованието да потекнуваат пред се од насоки на фелата.
Наставничкиот кадар е рол модел кој не само што ги образува, туку и ги учи на морално етички норми идните генерации.
Министерот за образование уверува дека имаат добро осмислен план кој етапно се спроведува за да го подобрат статусот на просветните работници.
На научно стручната расправа која ја организираше Педагошкиот факултет по повод патрониот празник Св. Климент Охридски учествуваа професори од сите педагошки факултети, институтот, претставници на сите надлежни институции.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар