Соученици, другари, родители, граѓани се потпишуваат во Книгата на жалост за почината Вања Ѓорчевска
Во ООУ „Јохан Хајнрих - Песталоци" денеска е отворена книга на жалост за прерано згаснатиот живот на 14 годишната Вања Ѓорчевска.
На службениот влез на училиштето блиските и сите граѓани кои сакаат да оддадат почит доаѓаат да се потпишат во Книгата на жалост и го изразуваат своето сочувство за прерано згаснатиот живот на младата Вања.
Менаџментот на училиштето во соработка со повеќе психолози денеска се во целосна спремност со цел обезбедување поддршка за учениците и комуникација со нив на начин со кој сите полесно ќе го пребродат овој трагичен настан.
Освен родителите на децата од училиштето, свое сочувство изразија и други граѓани, како и претставници од Општина Центар заедно со градоначалникот Горан Герасимовски.
Од Вања Ѓорчевска се простија и нејзините наставници од ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ на Фејсбук профилот на училиштето.
-Наставниците не умеат да ја решат оваа задача, Вања. Прости ни, не можеме, не знаеме како да се поздравиме... Нека ти биде светол патот кон вечноста! Твојата насмевка и искрена душа засекогаш ќе останат во нашите срца. Со неизмерна болка и љубов, твоите наставници и соученици, најмила Вања!
И градоначалникот на Општина Центар Герасимовски изрази сочувство и се потпиша во Книгата на жалост.
-Нема толку силни зборови кои можат да ја искажат болката и гневот за прерано згаснатиот живот на Вања. Чувствувам преголема болка. Еден родител не може да доживее ништо пострашно од ова што денеска се случи со Вања. Изразувам длабоко сочувство до семејството и барам максимална казна за сторителите, напиша на Фејсбук тој синоќа.
Во врска со случајот на убиствата на младата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски во моментов прес - конференција одржуваат Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство.
Ново на Сител
-
Мицкоски иницира изготвување стратегија за државата во соработка со МАНУ, ја повика опозицијата заеднички да носат одлуки
-
Утре во Брисел нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Димитриеска-Кочоска: Растот на економијата следната година над 3,5 отсто, се темели на инвестиции
-
Мицкоски по повод 23 Октомври: Да не го губиме времето на поделби, туку да создадеме општество на можности и почит
-
Мисајловски: Со почит се сеќаваме на револуционерите, Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна
-
Голем интерес за вакцинација против сезонски грип, досега пријавени над 52 000 лица
-
Сиљановска Давкова помилува десет осуденици
-
Штрајк на наставниците во Грција