Бизнис
2. October 2023 - 19:58

Потпишан договор за ИПАРД 3 програмата

Европската Унија  преку ИПАРД 3 програмата на земјоделците им дава нови 97 милиони евра. Парите, наменети за модернизацијата и развој,  се неповратни и можат да се искористат до 2027та година. Новина во програмата е што ќе бидат поддржани и проекти за повтормо пошумување и заштита на шумите, како и за советодавни услуги и рурална инфрастуктира

Секако дека има предизвици. Парите треба транспарентно да се користат. Затоа оваа година аплицирањето и распределбата на парите од ЕУ ќе биде електронски. На тој начин ќе се скрати времето и ќе се зголеми транспарентноста, изјави Дејвид Гир, европратеник

Министерот за земјоделие е задоволен од досегашниот интерес за користње на евроспките пар. Велчи, нема село што ја нема табалата на ЕУ.

До сега се потпишани 2,400 договори, а исплатени над 2,100 договори. Што значи толку договори, поминале по строгите европски контроли и се реазлизираче,  вели Љупчо Николовски, министер за земјоделие

Преку модернизација и поголемо производството се очекува да се намали недистогот на храна, а високата  цена на земјоделските производи да биде минато.

Ние стремиме и да стенеме извозник на земоделсеки производи, кои се квалитетни и конкурентни, изјави Фатмит Бесими, министер за финансии

Инаку до сега преку ИПАРД  1 и 2 искористени се 70 милиони евра.

Надлежните очекуваат дека до крајот на годината ќе бидат искористени уште 10 милиони и со тоа ќе бидеме лидер во регионот по искористеност на европските пари.