Ковачевски: Курти беше злоупотребен од албанските опозициски лидери - Времето на големи држави на Балканот е завршено
Времето за создавање големи држави на Балканот е завршено. Ова е ставот на премиерот Ковачевски по скорешеното веење знаме на голема Албанија за време на посетата на Курти во Тетово. Смета дека косовскиот премиер бил злоупотребен од градоначалниците Ганиу и Касами, за како што вели премиерот, зголемување на нивната популарност.
Американската амбасада во земјава пак смета дека непотребо е да се коментира посетата на косовскиот премиер, бидејќи како што пренесува порталот индекс.мк, од таквите настани нема корист.
„Амбасадата на Соединетите Американски Држави, (САД) во Скопје, не смета за разумно да ја коментира посетата на Премиерот на Косово, Албин Курти, на Скопје и Тетово пред неколку дена. Настаните ги видовме како бескорисни и ве упатуваме за коментар во Амбасадата на САД во Приштина“, велат за индекс.мк од Амбасадата на САД во Скопје.
Тетовскиот градоначалник, одби да го коментира ставот на американската амбасада во Скопје. На заедничката прес конференција со Гаши и Меџити, за уставните измени, рече дека настаните поврзани со посетата на косовскиот премиер веќе биле објаснети, а тоа и не била тема за настанот на кој се повикани новинарите.
Во меѓувреме, се уште нема информации кој го вееше знамето на голема Албанија. Од полицијата велат дека се работи на идентификација на лицето. Градоначлните на Тетово и Чаир пак заработија прекршочни пријави бидејќи при посетата на косовскиот премиер, не го истакнале македонското знаме. Освен Касами и Ганиу, со пријавата се казнети и општините, а според законот за прекршоци, глобата која треба да ја платат се движи од 20 до 50 илјади денари.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар