Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
Еврокомесарката за проширување е сигурна дека Скопје и Софија набрзо ќе постигнат договор за заштита на бугарското малцинство.
Пораката ја испрати од Бугарија каде денеска се сретна со премиерот Жељазков, потпретседателката Јотова и министерот за надворешни Георгиев.
Откако вчера испрати порака дека никој не може да и гарантира на Македонија дека уставните измени се последна пречка за старт на преговорите, Кос денеска вели дека проширувањето на унијата со земјите од Западен Балкан останува врвен приоритет. Поддршка за ваквиот став даде и бугарскиот премиер.
- Не е вистина дека го блокираме Скопје, нашите барања се нормални, рече и бугарската потпретседателка Јотова, пред средбата со Кос.
„Филипче и СДС да се извинат што го лажеа народот дека „Бугари во Уставот“ се единствен услов за напредок на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ по се погласните пораки кои доаѓаат и од ЕУ и од Бугарија.
Додека ВМРО-ДПМНЕ бараше гаранции и уставните измени со одложено дејство, СДС повторно не убедуваше дека нема опасност од ново вето од Бугарија.
И претседателот Христијан Мицкоски, јасно посочуваше дека смената на уставот е само почеток на барањата, СДС пак лажеше дека тоа не е точно.
СДС ја заплеткаа државата во чвор, го лажеше народот и ги распродаваше државните и национални интереси без око да му трепне.
Каде е сега Венко Филипче да ја убедува јавноста дека уставните измени се единствениот услов за напредок?“ - велат од владејачката партија.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар