Папата Франциск го осуди палењето на Куранот
Папата Франциск изјави дека го налутило и згрозило палењето на светата книга Куран и дека го осудува и отфрла дозволувањето на таквиот чин како форма на слобода на говор.
„Секоја книга што се смета за света треба да се почитува за да се почитуваат оние кои веруваат во неа“, кажа папата во интервју за весникот од Обединетите Арапски Емирати „Ал Итихад“, што денеска е објавено.
„Јас сум лут и згрозен од тие постапки. Слободата на говорот никогаш не смее да се користи како алатка за презирање на другите, а дозволувањето на тоа е отфрлено и осудено“, кажа папата во интервјуто .
Маж минатата недела искина и запали Куран во шведскиот главен град Стокхолм, што наиде на остра осуда од неколку земји, вклучително и Турција, чија поддршка Шведска треба да добие за да се приклучи на воената алијанса на НАТО.
Иако шведската полиција одби неколку неодамнешни барања за протести против Куранот, судовите ги укинаа ваквите одлуки, наведувајќи дека тоа ја нарушува слободата на говорот.
Група од 57 исламски нации вчера соопшти дека се потребни колективни мерки за да се спречат актите на сквернавење на Куранот и дека меѓународното право треба да се користи за да се запре верската омраза.
Ново на Сител
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност
-
Пакистан го прекина интернетот и мобилната телефонија
-
Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз
-
„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина
-
Зеленски: Украина треба да ја зајакне противвоздушната одбрана за да ги заштити луѓето