Loading Video...
Свет
12. јуни 2023 - 12:30

Почина Силвио Берлускони

На 86-годишна возраст во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано почина поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони. 

Контроверзниот бизнисмен и политичар веќе 2 години се лекуваше од белодробна инфекција поврзана со хронична леукемија. Пред неколку дена повторно му се влоши состојбата по што беше хоспиталзииран во болница. 

Берлускони е еден од најпознатите италијански политичари изминатите неколку децении кој во четири наврати беше премиер на Италија. Во втората Влада на Берлускони е најдолгата во историјата на италијанската република. Премиерското место го добиваше како лидер на политичката партија Форца Италија што ја имаше основано во 1994 година. 

Еден од најпознатите бизниси во неговата кариера беше основањето на компанијата „Медиасет“ која прерасна во најголемииот комерцијален радиодифузер во Италија. Берлускони речиси две децении беше сопственик на фудбалскиот клуб Милан, под чие раководење миланезите ги остварија најголемите успеси во историјата. Ќе остане запаметен по секс скандалите и аферата „Бунга-Бунга“ во која се тврдеше дека им плаќал на проститутки за да не го кажуваат во јавност. 

Во истражувањето на „Форбс“ во 2005 година, Силвио Берлускони е претставен како најбогат човек во Италија со имот вреден 12 милијарди долари, а своевремено бил и 25-от најбогат човек во светот.