Македонија
7. April 2023 - 10:47

13 години од основањето, „Аџибадем Систина“ прерасна во моќен Клинички центар со најсовремена опрема и врвни специјалисти

На светскиот ден на здравјето, 7 април, 2010 година со дотогаш најголемата инвестиција во приватниот здравствен сектор се отвори првата приватна Клиничка болница „Систина“. Тринаесет години од основањето, зад овој бренд стојат големи достигнувања и успеси, пионерски интервенции, успешни стории, врвен медицински тим и најсовремена опрема во земјава и регионот.

Над 150 000 хируршки интервенции, 1 400 000 прегледи, повеќе од милион задоволни пациенти од земјава и регионот говорат за огромната доверба која денес „Аџибадем Систина“ ја ужива кај пациентите.  Како болница, која е докажан лидер во здравствениот сектор, постојано поставува нови стандарди во здравството преку врвна грижа за пациентите, најсовремени протоколи во лекувањето и примена на најсофистицирана медицинска технологија.

Инвестирање во модерна технологија и стручен кадар

Изминатата година Клиничка болница „Аџибадем Систина“ инвестираше во најнова генерација на компјутерски томограф Revolution Apex CT 512-Slices. Со оваа инвестиција во вредност од 1.600.000 евра, „Аџибадем Систина“ е единствената болница во регионот која го поседува последното медицинско достигнување во дијагностиката од најголемиот светски производител на медицинска опрема „GE Healthcare“.

Покрај инвестирањето во најсовремена опрема, изминатата година болницата значително го зголеми бројот на медицински специјалисти од најразлични области чиешто знаење и искуство го надополнија медицинскиот тим и ја унапредуваат здравствената услуга за пациентите. Во болницата работи тим од над 200 лекари специјалисти и повеќе од 400 медицински сестри, а нивната експертиза надополнета со најсовремена медицинска опрема го дава најдобриот третман за секој пациент.

Развој на интервентната радиологија

Еден од клучните новитети во работењето на болницата е инвестирање во развојот на интервентната радиологија. Со инвестициите во опрема и во кадар, Одделот за радиологија прерасна во еден од најдобрите во регионот каде што се изведуваат сложени неинвазивни операции на заболувања меѓу кои третман на мозочен удар, мозочни и висцерални аневризми, таргетиран третман на тумори и метастази и интервенции на проширувања и стенози на крвните садови. Во болницата е инсталиран еден од најсофистицираните ангиографски апарати во државата, со што се изведуваат и најкомплексните васкуларни интервенции. Годинава во „Аџибадем Систина“ ќе биде инсталирана хибридна ангиографска сала која ќе биде единствена во регионот.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

РАМКА

Изминатава година болницата одбележа уште еден голем јубилеј, раѓањето на 20 000 бебе. Оваа импозантна бројка од 20 000 новороденчиња е потврда за довербата што брендот ја градеше низ годините и успеа да се позиционира на лидерското место не само во земјата туку и во регионот.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Трета реакредитација за најпрестижните стандарди за квалитет и безбедност

Клиничка болница „Аџибадем Систина“ ја доби акредитацијата на Joint Commission International, најпрестижната организација за акредитирање на здравствени установи според светски стандарди за квалитет и безбедност на пациентите. Ова е трета реакредитација по ред за болницата, што е евидентен доказ за континуитетот во одржување на високите стандарди во грижата за пациентите. Најуспешната реакредитација досега е само потврда дека целиот тим на болницата успешно ги одржува JCI-стандардите и континуирано се стреми кон унапредување на квалитетот и безбедноста на пациентите.  

„Аџибадем Систина“ е дел од вториот светски најголем синџир на болници IHH

Во 2011 година Клиничка болница „Аџибадем Систина“ се приклучи кон најголемата групација на болници во Југоисточна Европа  „Аџибадем“ и воедно беше првата болница на овој здравствен гигант надвор од границите на Турција. Само една година подоцна, во 2012 година Клиничка болница „Аџибадем Систина“ забележа уште еден успех, станувајќи дел од вториот најголем синџир болници, малезиската групација IHH. Влегувањето во оваа групација претставува подигнување на стандардите во лекувањето и имплементацијата на сите најсовремени технологии и методи во медицинскиот третман.