Украинската владеачка коалиција не договори наследник на премиерот Арсениј Јацењук
Владеачката коалиција во Украина на денешната затворена седница во Врховната рада не успеа да ја усогласи кандидатурата за нов премиер на земјата.
Партиските претставници од коалицијата „не постигнааа единство“ за прашањето кој треба да го замени Арсениј Јацењук, информира парламентарен извор, цитиран од ТАСС.
Актуелниот украински премиер Јацењук на 29 декември изјави дека е подготвен да ја напушти функцијата, но само откако ќе ја доврши својата започната работа.
-Ако коалицијата одлучи дека сегашниот премиер не соодветствува на барањата - ќе има гласање, нова коалиција, нова влада. Јас со чест и гордост ќе го предадам управувањето со извршната власт на новата влада. Но својата работа ќе ја довршам, подвлече Јацењук во декември.
Во украинските медиуми денеска се појави информација дека администрацијата на Петро Порошенко ја разгледува можноста за највисоката владина функција да го предложи поранешниот шведски премиер Карл Билд. Тој, меѓутоа, негираше дека има намера да ја преземе оваа функција.
-Украина си има многу добар премиер. Нема основа тој да биде сменет. Прашањето да ја прифатам оваа функција воопшто не е актуално, рече Билд, цитиран од стокхолмскиот весник „Дагенс нојхетер“.
За претенденти на премиерската функција уште се сметаат и актуелниот министер за финансии Наталија Јареско, гувернерот на Одеската област (и поранешен грузиски претседател) Михаил Саакашвили, шефот на претседателската администрација Борис Ложкин, претседателот на Врховната рада, Володимир Гројсман и шефот на Советот за национална безбедност и за одбрана Олександар Турчинов.
Ново на Сител
-
Мастурбирањето е половина машко здравје | Д-р Дејан Огненовиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 072
-
Пронајдени црните кутии во урнатиот товарен авион на ДХЛ кај аеродромот во Вилнус
-
Сиљановска Давкова и Филипче разговарале за политичките и безбедносните состојби и деблокадата на евроинтеграциите
-
Република Северна Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра
-
Сѐ уште не се применува новиот Закон за употребата на македонскиот јазик