Македонија
15. September 2021 - 16:42

Царовска тврди дека 0,01 % од учениците се заразени со Ковид-19, нема простор за паника

Од почетокот на учебната година има десетици ученици позитивни на ковид, но министерката за образование тврди дека дневниот број на новозаразени деца се намалува. Царовска вели дека во текот на вчерашниот ден биле регистирани 24 нови случаи, што според неа е безначајна цифра во однос на вкупниот број на ученици кои посетуваат настава со физичко присуство во земјава.

Засега само средношколците од Гостивар и Тетовото, онлајн ќе учат уште една недела плус, а одлуката наместо на 14ти, на 20ти да се вратат во училниците, следи поради тоа што ситуацијата со вирусот во  полошкиот регин се уште е алармантна.

Во однос на тоа што и по две недели од стартот на учебната година има ученици кои се без табле , но и без печатен учебник, Царовска вели дека во интерес на децата е да учат од електронски уред, а овие услови треба да ги обезбедат училиштата и општините.

Иако Народниот правобрнаител и првата детската амбасада Меѓаши реагираа дека институциите несоодветно ја организираат наставата и предлагаат часовите да траат пократно, министерката вели за ова праашње и сите други поврзани со протоколите во училиштата е надлежна Комисијата за заразни болести.