Шилегов вели дека не се плаши од конкуренцијата
Петре Шилегов не се плаши од кандидатите кои ќе влезат во трка за Скопје напротив смета дека скопјани ќе ја препознаат неговата работа и ќе го гласаат за втор мандат. Жали што за Скопје се кандидираат луѓе кои се кријат зад независна кандидатура и кои допрва треба да учат како се раководи со институција. За поддршката од албанските партии вели разговорите се во тек и смета дека за Скопје се расчистени состојбите.
- Не е мое да го судам поведението или настапот на другите кандидати. Јас соодветно ќе настапам пред скопјани со политики коишто ќе имаат континуитет. Јас мислам дека на Скопје му е потребен континуитет, не му е потребно луѓе што допрва ќе учат што и како се водат институциите, вели Шилегов.
За проектот Бас рапид транзит Шилегов најави дека целосно ќе се менува мостот Обединети нации. Токму од тие причини вели тендерот не бил распишан за првата фаза но очекува да биде до 15 септември.
Задоволен е од завршените проекти и во услови на светска пандемија а во меѓувреме најави дека почнуваат и нови градежни активности на клучката Момин Поток и на булевар Словенија.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар