Македонија
20. May 2020 - 15:56

Полицијата уапси лице во Арачиново кое изработувало оружје

СВР Скопје поднесе кривична пријава притов Б.Н.(21) од с.Арачиново, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 14.05.2020, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле автоматска пушка со марка „Мпи-КМ“ калибар 7.62*39 мм, рамка со 29 куршуми калибар 7.62 мм и пиштол марка „глок 19“ калибар 9мм со три рамки со 63 куршуми калибар 9мм.