Со измените во законот за персонален доход и земјоделците ќе мора електронски да се регистрираат
Една од новините во измените на Законот за персонален доход е тоа што се менува начинот и пресметување на данокот, а земјоделците ќе треба да се регистрираат електронски за да ги следат приходите и платениот данок.
-Оваа новина за електронското регистрирање претпоставуваме дека ќе им задава проблеми во смисла на тоа да не се доволно во тек со новините со технологијата, не се вешти со користење мејклови, УЈП од јануари поактивно ќе биде достапна и ќе бидеме поприсутни на терен.
Токму на оваа тема денеска се дискутираше на панел дискусијата Агро-бизнис муабети во Битола.
-Доволно едукација никогаш не е, треба постојана едукација на земјоделците затоа што има постојано промени во законите, земјоделците треба постојано да се едуцираат.
Согласно измените на законот, за оние кои што се занимаваат и остваруваат приходи исклучиво од земјоделие, ќе имаат право да го повратат персоналниот данок на доход по завршување на тековната година.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар