-->
-->
Се монтираат камери пред Собранието на Република Македонија
-->
Веќе неколку дена, откако премиерот Зоран Заев дека ќе биде потпишан договорот со Грција за решавање на спорот околу името на Република Македонија, граѓаните протестираат пред Собранието против овој договор.
Голем број граѓани кажаа дека нема да прифатат ваков договор.
Денеска пак пред Собранието на бандерите се поставуваат камери, кои најверојатно за цел имаат да ги снимаат граѓаните кои протестираат.
Инаку, уште на првиот протест кој беше организиран од навивачката група Комити, беше забележливо невообичаено силно полициско присуство.
На фотографија која ја објави порталот „Република“ беше очигледно присуството на фотографи од Министерството за внатрешни работи, кои ги снимаа граѓаните кои протестираа.
Коментарите се дека со поставувањето на камерите сега, ова е уште еден начин да се снимаат граѓаните кои протестираат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт
-
Израел ги негира обвинувањата за геноцид во Газа и вели дека прави се што може за да ги заштити цивилите
-
Одбиена тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1202 во Крушево, Управен треба да одлучи уште по 4 од 7 тужби
-
Управен суд ја одби тужбата на „Европски фронт“ за избирачкото место 1470 во Долнени
-
Европски фронт обвинува за јавен политички притисок врз Управниот суд