Заев - Кахраман: Парламентот на Турција ги поддржува интеграциите на Македонија во НАТО
Република Турција е голем пријател на Макединија, ќе ја развиваме економската соработка за што има и услови и интерес од двете страни, а за обезбедување квалитетен живот и перспективи на граѓаните и државата, многу се важни членството во НАТО и ЕУ. Ве повикувам, како Парламент на една голема пријателска земја, да продолжите да не поддржувате на тој пат, побара премиерот Заев на средбата со претседателот на Парламентот на Турција, Исмаил Кахраман.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата на која премиерот Заев бил придружуван од министерот без ресор, Аднан Ќахил, пратениците во Собранието на Република Македонија, Енес Ибраими и Јусуф Хасан и државниот секретар во МНР, Виктор Димовски, била изразена заедничка согласност дека парламентарната соработка меѓу двете држави е важна и дека ќе придонесе кон определбата за зголемување на трговската размена меѓу Македонија и Турција на една милијарда евра.
Претседателот на Парламентот Кахраман изразил задоволство што повторно е воспоставена соработката на највисоко премиерско ниво, после три години, меѓу двете земји. Тој соопштил дека Република Турција продолжува силно да ја поддржува Република Македонија во НАТО и ЕУ интеграциите и упати покана преку премиерот Заев, до претседателот на Собранието на Македонија за парламентарна посета на Турција.
Претседателот на Владата Заев, во име на граѓаните, на Парламентот и на Владата на Македонија, изразил сочувство за загинатите припадници на турските воени сили. Двете делегации се согласиле дека и Македонија и Турција се против тероризмот, на страната на мирот во светот. Во рамки на посетата Заев положил свежо цвеќе во делот од Парламентот оштетен при обидот за државен удар во 2016 година во Република Турција, во спомен на загинатите.
Ново на Сител
-
САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот
-
Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев
-
Сончево и топло, попладне локално дожд и грмежи
-
Состојба на патишта
-
Дачиќ: Човечки фактор е причина за сударот на возовите, најважно е дека нема загинати
-
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
-
Девет повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост
-
Претседателот на Управен демантира дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт