Египетската војска започна воздушни напади околу џамијата кај Синај
Египетската војска започна со воздушни напади околу проблематичниот северен полуостров Синај каде денеска при експлозија на бомба во близина на џамијата Ал Раудах загинаа најмалку 235 лица, а 109 беа повредени.
Безбедносни извори наведуваат дека воздушните напади се концентрирани во неколку планински области околу џамијата, каде се претпоставува дека се кријат екстремисти.
Египетскиот претседател Абдел Фатах Ал Сиси претходно порача дека нападот врз џамијата нема да помине неказнето.
- Правдата ќе ги стигне сите оние кои учествуваа, придонесоа, го поддржаа, финансираа или поттикнаа овој кукавички напад, наведе Сиси во соопштение.
Владата прогласи тридневна жалост, јави египетската државна агенција Мена.
Експлозијата, како што јавија локалните медиуми, се случила за време на пладневните молитви, а четворица непознати напаѓачи потоа отвориле оган кон верниците што ја напуштале џамијата. Портпаролот на Министерството за здравство Калед Муџахид изјави дека екстремистите ја детонирале бомбата за време на нападот.
Министерството за внатрешни работи формираше специјална комисија за истражување на бомбашките напади и објави вонредна состојба во главниот град Каиро.
Досега ниту една египетска екстремистичка група не презеде одговорност за нападот.
Ново на Сител
-
Од понеделник благо опаѓање на температурите и краткотрајни поројни врнежи
-
Град Скопје: Немаме надлежност за дератизација или постапување во случаи со змии, други влекачи или глодари
-
Со над 20 тони вода дејствувано врз пожар во Кичевско
-
Загина 30 годишна Македонка во сообраќајна несреќа Солун, повредени уште три лица | ВИДЕО
-
Цистерна се извртела на автопатот Градско - Велес, сообраќајот пренасочен по стариот пат
-
Жител на Општина Студеничани му се заканувал на својот сосед со гасен пиштол и стрелал во воздух
-
Без струја Тирана и повеќе други градови во Албанија
-
Борел: Европа не е целосна без Западен Балкан