Свет
21. јуни 2024 - 8:50

Предупредувачки истрели од јужнокорејски војници кон севернокорејските војници кои ја преминале границата

Јужнокорејската армија испука предупредувачки истрели откако неколку севернокорејски војници ја преминаа границата, соопшти денеска јужнокорејскиот Генералштаб.

Војниците се повлекле веднаш по предупредувачките истрели, јавија јужнокрејски медиуми.

Тие ја пробиле воената демаркациона линија што минува низ средината на демилитаризираната зона, соопшти Јужна Кореја.