Свет
29. October 2017 - 17:35

Масуд Барзани се повлекува од функцијата претседател на Ирачки Курдистан

- Претседателот на автономниот курдски регион во Ирак, Масуд Барзани денеска најави дека се повлекува од функцијата, поради последиците од контроверзниот референдум за независност на Ирачки Курдистан.

- По 1 ноември, јас веќе нема да ги извршувам моите функции и одбивам продолжување на мојот мандат, се вели во писмо на 71-годишниот Барзани. прочитано во Парламентот на Ирачки Курдситан во Ербил.

Барзани, кој е архитектот на гласањето за независност на 25 септември, вели дека „промена на закононите за претседателот Курдистан или продолжување на претседателскиот мандат не е прифатливо“.

По референдумот, ирачките владини сили ги потиснаа курдските борци од спорни територии богати со нафта.

- Го молам Парламентот да се состане за да го пополни слободното место, да ја исполни мисијата и да ги преземе овластувањата на претседателот на Курдистан, се додава во писмото.

Барзани нагласува  дека „ќе остане пешмерга (курдски борец) во редовите на народот на Курдистан и ќе продолжи да ги брани постигнувањата на народот на Курдистан".

Парламентарната седница се одржа денеска зад затворени врати поради „чувствителноста на прашања" за кои ќе се дискутира, соопшти Парламентот