Бројот на диви животни за 50 години се намалил за 73 отсто
Добротворната организација за заштита на природата соопшти дека за 50 години бројот на диви животни е намален за 73 отсто, што, според неа, е „катастрофална загуба“.
„Поради губењето на недопрената природа, многу екосистеми се на работ на многу опасни пресвртни точки“, рече директорката на Организацијата во Велика Британија, Тања Стил, вклучувајќи многу живеалишта од Амазон до коралните гребени, објави Би-Би-Си.
Извештајот, објавен од Организацијата, е заснован на индекс на повеќе од 5.000 птици, цицачи, водоземци, влекачи и риби во текот на пет децении. Причината за намалувањето на бројот на диви животни во голема мерка е човекот, наведе организацијата и додаде дека 60 отсто од розовите речни делфини во Амазон изумреле поради загадувањето и рудниците.
Професорот по екологија на Универзитетот во Ридинг, кој не е поврзан со извештајот, Том Оливер, рече дека податоците се „загрижувачки“ и дека станува збор за „глобален колапс на биолошката разновидност“.
Ново на Сител
-
Малолетници ограбени во Центар - им се заканиле со нож
-
Обид за убиство во Тетовско
-
Потпишан договор со Институтот за сточарство и рибарство за користење на финансиска поддршка од околу 12 милиони денари
-
Почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип
-
Кривична пријава за член на надзорен одбор на банка за измама при работење со хартии од вредност
-
Времен сообраќаен режим на две делници на автопатот А1
-
Реката Ламбро се излеа во близина на Милано
-
Мицкоски: Владата е партнер на синдикатите и работодавачите, продолжуваме со соработка