„Отело“ на Турскиот театар од Скопје освои награда на 44. „Инфант“
Претставата „Отело“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Дејан Пројковски, на Турскиот театар од Скопје доби награда за најоригинално истражување на еден сегмент од театарскиот јазик на 44. Интернационален фестивал на алтернативен и нов театар „Инфант“ што се одржува во Нови Сад, Србија.
Наградата, како што соопшти Турскиот театар, била доделена едногласно.
- Претставата „Отело“ на иновативен начин преточува едно класично дело во театарски експеримент. Најважниот сегмент на претставата е употребата на водата, која од успешно сценографско решение се издигнува до повеќеслојна симболика, ефектен режиски пристап, ја стимулира актерската експресивност и воспоставува комуникација со публиката, стои во образложението на Фестивалот.
Во претставата играат Џенап Самет (Отело), Сузан Акбелге (Дездемона), Селпин Керим (Јаго), Осман Али (Касио), Зубејде Али (Емилија) и Неат Али (Родриго).
Кореографијата е на Олга Панго, музиката на Горан Трајкоски, а сценограф е Татјана Христоска Блажевска. Костимограф е Тања Кларис, асистент на режија Теодора Силјаноска, а асистент на сценографија Милан Несторов. Во претставата се користени искуства од кунг-фу мајсторот Влатко Здравковски.
Во својата режисерска експликација Дејан Пројковски нагласува дека се уште има актери кои посветено работат и живеат во име на театарот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона да има нови 100 до 120 електрични автобуси за јавен градски превоз
-
„Фаненшл тајмс“: Русија регрутира платеници од Јемен да се борат во Украина
-
Зеленски: Украина треба да ја зајакне противвоздушната одбрана за да ги заштити луѓето
-
Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите
-
Владата на Србија му го одзеде имунитетот на Горан Весиќ
-
Изборниот материјал во Албанија и на македонски јазик
-
Лишен од слобода крадец во тетовско
-
Во Неготинско физичка пресметка помеѓу татко и син