Њујорк забрани рекламирање на алкохол по зградите
Американскиот град Њујорк забрани рекламирање алкохол на зградите кои се во сопственост на градот, а причина за тоа е дека „претераното конзумирање алкохол претставува опасност по здравјето“.
Забраната, која веднаш стапува во сила, се однесува на автобуски станици, киосци, пунктови со безжичен интернет, но не и на места каде се продава алкохол, како што се ресторани, стадиони и концертни сали.
Иста таква одлука претходно донесоа градовите Филаделфија, Сан Франциско и Лос Анџелес.
– Одлуката за забрана рекламирање алкохол на зградите во сопственост на градот се потврда на нашиот ангажман за зачувување на здравјето и одлучноста да ја заштитиме благосостојбата на сите њујорчани, изјави градоначалникот Бил де Бласио.
Тој вели дека претходните студии покажале оти изложеноста на реклами за алкохол може да ги поттикнат поединците повеќе да пијат, а евидентиран е и раст на бројот на смртни случаи предизвикани од алкохол. Во текот на 2016 година, од болести или состојби поврзани со алкохол, како што се болести на црниот дроб или возење во алкохолизирана состојба починале речиси 2.000 жители на Њујорк.
Ново на Сител
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење