Македонија
27. November 2017 - 11:06

Нивото на Охридско, Преспанско и Дојранско во рамки на просекот

Нивото на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро е во рамки на просекот за ноември, соопшти УХМР.

Според денешните хидролошки мерења, отстапувања бележат дел од водостоите на реките.

Со пониско ниво од просечното се Треска кај Македонски Брод, Крива Река кај Крива Паланка, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци, Вардар кај Демир Капија и Сатеска кај Ботун.

Останатите водостои на реките се во рамки на просекот за месец ноември.