-->
-->
Нивото на Охридско Езеро седум сантиметри над минимумот
-->
Нивото на Охридското Езеро е седум сантиметри над дозволениот минимум, а водостоите на реките се под просекот за март, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според УХМР, водостојот на Вардар е најнизок на мерното место кај Демир Капија и е 68 сантиметри понизок од вообичаениот за март, додека понизок водостој од вообичаениот има и на останатите мерни места на Вардар.
Слична е состојбата и со останатите реки кај кои се мери водостојот, а најголемо отстапување од просекот имаат Црна Река на мерното место Новаци, каде водостојот е понизок за еден метар и три сантиметри и Црни Дрим на мерното место во Ложани со понизок водостојот за 87 сантиметри од вообичаениот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со пакет од четири закони до департизација на јавниот сектор
-
Здравството пред колапс - Инфективна без доволно кадар
-
Дали дијабетичарите ќе останат без терапија?
-
Град Скопје ја објави програмата за Нова Година
-
Хуманитарна акција
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното