-->
-->
Ниту „ВАР“ технологијата не го спаси Ливерпул од елиминација во ФА Купот
-->
Екипата на Ливерпул иако важеше за фаворит во дуелот против Вест Бромвич Албион (ВБА), сепак „црвете“ се елиминирани од понатамошното натпревраување во ФА Купот.
Ниту „ВАР“ технологијата не им помогна на играчите на Ливерпул да ја избегнат елиминацијата, иако домаќините поведоа уште во 5.минута со голот на Фирмињо.
Сепак, само шест минути подоцна ВБА го сврте резултатот, со головите на Џеј Родригес во седмата и единаесетата минута.
Гостите постигнаа и трет гол, но по прегледувањето на ТВ снимката голот беше поништен поради офсајд.
„ВАР“ технологијата се користеше и во уште две ситуации.
Најнапред во 26.минута, по што беше досуден пенал за Ливерпул, кој не уепеа да го реализира Фирмињо.
Потоа и во последните мигови од првиот дел (45+2) при постигнувањето на новиот гол на ВБА, кога Џоел Матип си постигна автогол, со кој ВБА поведе со 3-1.
Во вториот дел иако домаќините тргнаа со стите сили кон голот на ВБА, сепак со погодокот на Мохамед Салах во 78.минута „црвените“ само го ублажија поразот.
Од премиерлигашите елиминација претрпе Вест Хем по поразот од Виган со 3-1.
Пласман во осминафиналето од фаворитите обезбедија, Манчестер Јунајтед, Лестер и Саутемптон, додека Тотенхем ќе мора да одигра уште еден меч откако првиот на гостувањето кај Њупорт Каунти заврши без победник 1-1.
Денеска ќе се одиграат уште две средби од четвртата рунда, во кои Челзи го пречекува Њукасл , а Манчестер Сити гостува кај Кардиф Сити.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
По ДСЗИ, од вчера случајот со смртта на 14 месечното бебе го истражува стручната комисија
-
Мајката и малолетната ќерка во тетовско Слатино починале од труење
-
Филипче: Мицкоски има обврски да информира за ЕУ во Собранието
-
Филков: Правосудниот систем мора да се реформира, дебатите стартуваат следниот месец
-
ДКСК: Синот на Мицкоски во САД бил на своја сметка, не е прекршен законот
-
ДУИ: Последици и незадоволство по укинувањето на балансерот
-
Уставен го укина балансерот, нема веќе вработувања по етничка основа во администрација
-
Преглед на вестите од светот