Николовски: Повисоки плати, поврат на ДДВ за семејства и враќање на евтината струја
Носителот на кандидатската листа на СДСМ и Коалицијата За живот во Македонија во третата изборна единица Љупчо Николовски, денеска во Градско, рече дека парите ќе ги насочат кон граѓаните и оти предвидуваат повисоки плати, поврат на ДДВ за семејствата и враќање на евтината тарифа на струја.
- Живот во Македонија ќе значи повисоки плати, минимална од 16.000 денари и просечна од 30.000 денари до крајот на мандатот, добро платени работни места од силни домашни претпријатија поддржани со 140 милиони евра, квалитетен животен стандард за сите граѓани на Македонија, правда за сите и институции во служба на граѓаните, рече Николовски.
Посочи дека парите ќе се насочуваат кон граѓаните по повеќе основи.
- Уште една плата плус во секое семејство ќе има од поврат на 15 проценти на ДДВ. Ќе воведеме праведни даноци за сиромашните да плаќаат помалку. Семејствата со најнизок доход ќе бидат целосно ослободени од плаќање на јавните услуги. Ќе ја вратиме дневната евтина тарифа и ќе воведеме викенд евтина тарифа. Радиодифузната такса целосно ќе ја укинеме, рече Николовски.
Ново на Сител
-
Македонија одбележува 5 години во НАТО
-
Презентирани активностите од Реформската агенда
-
Се чешлаат објектите во Охрид
-
Осум студенти од УГД загинаа во трагичниот настан во Кочани
-
Овошна садница за пластично шише, еколошка акција во општина Босилово
-
Преглед на вестите од светот
-
Насилникот од Радовиш што ја тепаше жената во живо на Тик-Ток доби кривична пријава
-
Тема на денот со проф. Д-р Марија Јовановски Срцева, директорка на ТОАРИЛУЦ