-->
-->
Николовски најави дополнителни субвенции за лозарството
-->
На првата наредна седница Владата ќе донесе одлука за дополнителни директни плаќања за произведено, продадено и откупено грозје во домашните регистрирани винарски визби, а висината ќе биде определена на самата седница во наредните неколку дена.
Ова го најави денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски во Кавадарци.
Со мерката ќе бидат опфатени сите семејни земјоделски стопанства кои до 15 септември пријавуваат површини за субвенции за лозја и кои произведеното грозје ќе го продадат во домашните регистрирани винарски визби.
Тој нагласи дека со мерката од владината Програма се ветуваше 20 процентно зголемување на субвенциите по хектар и дека 10 проценти од тие 20 ги реализираат уште во првата година и на самиот почеток на мандатот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек