Николоски и Трајановски извршиле вонреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, во петокот и во текот на вчерашниот ден извршиле вондреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид.
Како што соопшти Министерството за транспорт, надзорот се извршил на повеќе позиции каде во моментов се вршат засилени градежни активности за реализација на овој капитален проект.
-При извршените контроли беше констатирано дека градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно новиот динамички план за изградба на автопатот. Исто така беше утврдено дека наследентите проблеми со експропријацијата, дислокација на водовите како и косините се решаваат во континуитет согласно планираната динамика, стои во соопштението.
Оттаму додаваат дека по целата траса работите се одвиваат интензивно, се со цел до почетокот на туристичката сезона да се пушти за сообраќај потегот од Врбјани до Охрид со еден мал прекин кај населеното место Ботун каде се работи на санација на свлечиште.
Како што истакна вицепремиерот Николоски, динамиката на работа е планирана на начин што целиот автопат ќе се заврши до крај на 2026 година и истиот да се пушти во употреба.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
-

Силно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер го зафати Скопје
-

Уапсен 28-годишник од Неготино, оштетил кафемати и одзел пари од нив
-

Физичка пресметка помеѓу четири лица во скопскиот Градски парк поради одземен телефон
-

Затвореник во Затвор Штип истепал полицаец
-

Руте: Русија и нејзините сојузници се главната долгорочна закана за НАТО
-

Во Шпанија во јуни од екстремно топлото време починале 1.028 луѓе
-

Кавадарчанец загина откако со камион се превртел и паднал во провалија
