Ѓорѓиевски: Кризниот штаб на Град Скопје целосно мобилизиран по силното невреме
По силното невреме што денеска го зафати Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека Кризниот штаб на Град Скопје и екипите на јавните претпријатија се целосно мобилизирани и подготвени за интервенции на терен.
Според неговата објава, службите се во постојана координација со Центарот за управување со кризи (ЦУК), Министерството за внатрешни работи (МВР), ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и другите надлежни институции, со цел навремено да се реагира доколку има поплави, штети или други последици од невремето.
Ѓорѓиевски информира дека сите расположливи капацитети се ставени во функција и дека екипите ќе останат на терен во текот на целата ноќ, интервенирајќи секаде каде што ќе биде потребно.
Воедно, тој апелираше до граѓаните да бидат внимателни, смирени и да соработуваат со надлежните служби, нагласувајќи дека институциите се подготвени да одговорат на сите предизвици предизвикани од невремето.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд во Скопје и Куманово, во Црешево измерени 74 литри на метар квдратен
-

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се зголеми на речиси три илјади
-

Приведен 47 годишен тетовец, управувал возило со 177 километри на час на место каде е ограничено 80 | ФОТО
-

Министерот Тошковски на отворање простории за разговор со деца кои се во судир со законот во СВР Струмица
-

Медијаторите известуваат за „позитивен напредок“ во индиректните разговори меѓу САД и Иран во Доха
-

Дождот направи богата програма за четврток – планирани се 25 мечеви на турнирот во Скопје
-

САД одбија да го продолжат трговскиот договор со Канада и Мексико
-

Премиерот Мицкоски во посета на Општина Неготино
