Македонија
11. July 2019 - 16:29

Невладиниот сектор бара имплементација на препораките од ЕУ во изборниот законик

Поразбирлив и почитлив изборен законик во кој ке бидат вградени сите препораки на ЕУ, бараат невладините организации.

Финансирање на изборната кампања на политчките партии, и покрај последните измени и доплнувања на законикот, останува ранлива точка за  манипулации и злоупотреби. За да се спречат ваквите појави  потребно е и теренско работење на Државната агенција за корупција, препорачува цивилниот сектор.

Криминалното  и коруптивно финансирање на изборите  е потврдено и во Црна Гора, иако земјата длабоко е навлезена во преговори со ЕУ, на која најважно и е владеењето на правото во земјите  на  Западниот Балкан. 

На снимката која го тресе црногорскиот естаблишмент,  фатен е  висок функционер на валдеачката ДПС како зема десетици илјади евра за за финасирање на изборната кампања во 2016 година.  Најлошо е што за вакви случаи не постои казнивост, велат невладините.

Со цел да се избегнат ваквите случаи, потребни се професионални и независни институтуции кои ја следат регуларноста на изборините кампањи и ефикасна правна држава во која ке се почитуваа законите, порачуваат регионалните грагански организации.