„Нетфликс“ најави реално шоу засновано на „Squid Game“
„Нетфликс“ одбира учесници за реално натпреварувачко ТВ-шоу засновано на нивната најпопуларна серија на сите времиња – „Игра на лигњи“ (Squid Game).
Според наводите, тоа нема да биде игра на живот или смрт, како во јужнокорејската дистописка драма. Наместо тоа, 456 учесници од целиот свет ќе се натпреваруваат околу „најлошата судбина да се отиде дома со празни раце“, а наградата е 4,56 милиони долари.
„Додека играчите се натпреваруваат во низа игри инспирирани од оригиналното шоу – плус нови изненадувања, нивните стратегии, сојузи и карактер ќе бидат ставени на тест бидејќи конкурентите ќе бидат елиминирани“, се додава во соопштението.
Нетфликс исто така потврди дека популарната серија ќе има и втора сезона.
Во средата, платформата објави дека новото реално шоу од 10 епизоди – „Игра на лигњите: Предизвик“ (Squid Game: The Challenge) – ќе ја понуди „најголемата еднократна парична награда во историјата на реалното ТВ“.
Учесниците мора да имаат најмалку 21 година. Тие мора да зборуваат англиски и да бидат достапни до четири недели на почетокот на 2023 година, за снимањето.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек