Неправедно лежеше 3 години во затвор, а за тоа време починаа неговата мајка и сестра- сега доби отштета
Американецот Кaнефах Бузер, кој помина над три години во затвор врз основа на лажното сведочење на полицаецот Рајан Волтман, доби отштета од десет милиони долари.
Овој 33-годишен маж од Филаделфија беше затворен за наводно пукање кон полицаец во 2011 година, но поради кауцијата од половина милион долари процесот го чекаше во затвор.
Во 2014 година кога конечно почна неговото судење, друг маж сведочеше дека вечерта тој пукал, а не Бузер, како и дека тоа го направил во воздух, а не кон полицаецот.
Тој исто така нагласи дека тоа го соопштил во полицијата уште ноќта кога Бузер бил уапсен, но дека никогаш не било истражено.
Додека Бузер беше во затвор починаа неговата мајка и сестра.
Од градот Филаделфија соопштија дека полицаецот Волтман направил ненамерна грешка, како и дека ќе вложат жалба на одлуката за обесштетување.
Волтман се уште е вработен во полицијата.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје
-
Секој втор граѓанин има картичка, но плаќа во кеш за нарачки по интернет
-
Две нови стамбени зони во Штип со куќи за индивидуално домување