Македонија
6. October 2022 - 11:08

Неовластено тргувал со отпад во својот двор, кривична за жител на Шутка

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Џ.А.(41) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад", соопшти МВР.

Како што информираат од МВР, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал и инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина на 15.02.2022 извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини лоцирано во дворно место на ул.„Брсјачка буна" во општина Шуто Оризари и притоа го затекнале пријавениот како неовластено тргува со отпад без да е регистриран во Централен регистар како правно лице и без да поседува Дозвола за вршење на дејност - Складирање и третман на отпад, издадена од Министерството за животна средина.