Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
Ѕвездата на бразилската репрезентација Нејмар најави дека Светското првенство во 2026 година ќе му биде последно со тимот.
-Знам дека ова ќе биде моето последно Светско првенство, мојата последна шанса. Ќе направам се што е можно за да го освојам турнирот, рече 32-годишниот во интервјуто што го пренесе Си-Ен-Ен.
Фудбалерот на саудиски Ал-Хилал ќе има 34 години за време на Светското првенство следната година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Нејмар беше тешко повреден за време на квалификацискиот натпревар со Уругвај на 17 октомври 2023 година и се уште не се вратил во националниот тим. Тој има одиграно само два натпревари за својот клупски тим, за кој се врати во октомври.
На шест кола до крајот на квалификациите, селекцијата на Бразил е на петтото место во поредокот – седум бода помалку од лидерот Аргентина, а првите шест селекции директно се квалификуваат за шампионатот.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис