Бизнис
8. јуни 2021 - 16:34

Недела станува неработен ден од 1ви октомври

Од 1 октомври недела станува неработен ден. Исклучоци ќе има само за оние дејности кои не трпат застој во производствениот процес, а ќе работат и киосци, штандови во трговски центри од 10 до 18 часот, специјализирани продавници за продажба на сладолед, цвеќиња во туристички центри кои ќе ги одреди Владата, штандови и киосци на спортски настани, фестивали, како и продавници за трговија на мало.

- Само ако сопстевникот работи, зелените пазари. Новина е тоа што ќе треба да добијат 100% надоместок за секој час поминат на работа, изјави Крешник Бектеши, министер за економија.

Работниците кои ќе работат во недела ќе добијат двојно повисока дневница, и слободен ден наредната недела, во договор со работодавачот.

Целта на измените во Законот за работни однсои и законот за трговија е да се унапредат работничките права, вработените да имаат повеќе време да посветат на семејството, како и поквалитетен живот. Предлог измените сега треба да ги изгласаат пратениците во Собранието.