Недела на шпански филм во Битола
Од денеска до 30 октомври во Битола ќе се одржува Недела на шпански филм, во организација на Центарот за култура и Амбасадата на Шпанија.
Според програмата, циклусот филмови ќе почне со романтичната комедија „Мигел и Вилијам“ во режија на Инес Парис, а ќе продолжи со „Ѕвезда што паѓа“ во режија на Луис Мињаро.
- Филмофилите од Битола го очекуваа циклусот филмови од Шпанија и затоа ќе им ги понудиме и „Среќна ѕвезда“ во режија на Рикардо Франко, трилерот „Нема мир за злите“ во режија на Енрике Урбизу“, урбаната комедија „Овците не го пропуштаат возот“ во режија на Алваро Фернандез Армеро, анимираниот филм за авантурите на Дон Кихот и Санчо Панса „Магарето на Дон Кихот“ во режија на Хосе Позо, а ќе биде прикажан и „Сите тие се мртви’ во режија на Беатриз Санчез, велат од Центарот за култура.
Ревијата шпански филмови ќе заврши со двата дела на анимираниот филм „Дон Кихот Де Ла Манча“ во режија на Круз Делгадо и Хозе Ромагоса, како и со играниот филм „Мал Остров“ во режија на Алберто Родригез, Битола.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите