Џет-Сет
1. March 2017 - 16:04

Не го крие повеќе: Лила го покажа момчето, ова е Стефан

Македонската водителка на „Се или нешто“, популарниот квиз што се емитува на Сител, често е присутна во медиумите, но приватниот живот го крие како змија нозе.

Иако долго време кружат гласини дека Лила е среќна и во љубовта, во љубовна врска со Стефан, братот на Столе Стоилов, сепак таа досега нема објавено фотографија од нив заедно.

Лила заедно со својот сакан присустуваше на забава кај својот пријател Боки 13. Па за таа прилика, на стори на Инстаграм објави фотографија од амтосферата, а до неа седи нејзинио сакан Стефан. На фотографијата Лила стави налепница срце.