-->
-->
Натпревар по прва помош за основци од Скопје
-->
Црвениот крст на Град Скопје денеска ќе го организира деветтиот натпревар по прва помош во категоријата подмладок - за ученици од основните училишта во главниот град.
Како што информира Црвениот крст на Град Скопје, ќе учествуваат 15 екипи од 15 основни училишта во Скопје. Натпреварот ќе се одржува од 11 часот на Средно Водно – Даре Бомбол.
- Со овој настан се промовира важноста на првата помош која спасува живот. Во организација и учество на градскиот натпревар ќе бидат вклучени околу 200 луѓе - стручна служба, судии, манекени, водичи, шминкери, логистика и волонтери, соопшти Град Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски
-
Утре повторно бојкот на маркетите, министерот за економија најави нови мерки